Трајковски и Пандев ја водат Македонија кон плејофот за пласман на Евро 2020 (ВИДЕО)

Македонија гази сигурно кон победа против Лихтенштајн во Лигата на нации, откако нашата селекција стигна до водство од 3-1 во првото полувреме на Националната арена „Филип Втори“.

Нашата репрезентација тргна жестоко, па во 10. минута резултатот го отвори Александар Трајковски по одличната акција и асистенција на Горан Пандев.

За вториот гол почекавме уште 20 минути, а повторно во главна улога беа Пандев и Трајковски, додека третиот погодок го постигна Пандев со одличен удар за водство од 3-0. Сепак, една минута подоцна Сејхан Јилдиз погоди за 3-1.

Доколку вечерва триумфираме против Лихтенштајн, ќе се зацврстиме на првото место на табелата со максимални девет бода, па во последните три кола ќе ни бидaт потребни четири бода (без разлика против кои репрезентации и без разлика на исходот од другите средби) за да го обезбедиме првото место во групата!