
Ќе навиваме за Македонија, а со едно око ќе гледаме и кон Велс - Белгија!
Македонија со победа над Казахстан ќе остане на првата позиција до последниот квалификациски прозорец, но за да остане на тоа место и да избори директен пласман на Мундијалот, потребно ни е да се поклопат и други резултати.
Пред се тоа е натпреварот меѓу Велс и Белгија кој се игра вечерва од истиот теремин во 20:45 часот. Од овој дуел ќе зависи дали Македонија ќе ги задржи шансите за освојување на првата позиција.
На Македонија ѝ одговара Велс да ја победи Белгија, така во меѓусебен дуел со Велшаните ќе одлучуваме за директен пласман на Светското првенство.
Доколку натпреварот заврши нерешено, ќе ни останат само теоретски шанси за првото место, но реално ќе биде Белгија да го освои, ако тие триумфираат во Велс, ќе нема никакви дилеми дека тие ќе обезбедат билет за Мундијалот.