Херцог: Не бевме без среќа, туку не направивме доволно шанси!

Австрискиот кормилар на Израел, Андреас Херцог после мечот со Македонија (1-1) призна дека можеби ремито е најреален исход, иако можеле и да загубат, без одлег што неговите избраници први повеле во пресметката со црвено-жолтите.

Израел дојде во водство преку Ерон Захави, а израмни Аријан Адеми, но Израелците не беа толку конкретни зашто само Мунас Дабур во 51-та минута имаше дирек и за 90 минути кандидатот за второ место не направи конкретни шанси, иако имаше низа ситуации во кои недостигаше завршен удар или додавање.

„Не можам да кажам дека немавме среќа. Вечерва ние немавме доволно шанси“, беше првиот коментар на Херцог.

„Воопшто не беше лесен меч, дадовме водечки гол, но Македонија брзо израмни и треба да бидеме искрени дека на крајот можеше и да загубиме. Можеби ремито е и најреално, но сега ќе треба да освоиме бодови на гостувањата, ако сакаме да останеме во трка за Евро 2020. Македонија одигра добро“, додаде Херцог.