Гибралтар ни заврши работа: Аутсајдерот ја шокираше Ерменија среде Ереван! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Гибралтар приредија огромна сензација со победата над Ерменија и тоа на гостински терен со 1-0, па така ширум ни ги отворија портите кон првото место во групата.

Кој ли можеше да се надева дека Гибралтар ќе слави кај фаворитот и тоа на гостински терен, но ете и тоа се случи! Чиполина во 50-та минута беше стрелец на единствениот гол на натпреварот, по кој Македонија има големи шанси да го освои првото место во групата.

Практично, доколку вечерва славиме против Лихтенштајн, ќе се зацврстиме на првото место на табелата со максимални девет бода, па во последните три кола ќе ни бидaт потребни четири бода (без разлика против кои репрезентации и без разлика на исходот од другите средби) за да го обезбедиме првото место во групата!

Поточно и со пораз на гости кај најквалитетниот противник (барем на хартија) во групата можеме да го освоиме првото место во групата! Сѐ е во наши раце...
 

Лига Д, Група 4:

3-то коло:

Ерменија - Гибралтар 0-1
20:45 Македонија - Лихтенштајн

Табела: Македонија 6(-1), Лихтенштајн 3(-1), Ерменија 3, Гибралтар 3