Гаштаров по настапите за Ц. Звезда и Македонија: Не е лесно, но сè е до главата - ми се оствари сонот!
Гаштаров во интервју за „Спортисимо“ зборуваше за различни теми, а една од нив беше тоа што одигра дури 10 натпревари во 33 денови.
Младиот фудбалер играше за Ц. Звезда, но и за Македонија, при што призна дека е напорно, но се навикнал затоа што го живее неговиот сон.
„Нормално е да биде тешко, заморот доаѓа. Сè е до главата. Ова е мојот сон и тој ми се оствари. По тренингот одмараш, спиеш, се храниш добро и гледаш да бидеш професионалец. Телото се навикнува“, кажа Гаштаров.
Гаштаров зборуваше и за дербито против Партизан, во кое одигра 90 минути.
„Беше фантастично. Не знам колку дербија одиграв во младинските категории, но ова е нешто сосема друго. Кога ќе излезеш на ‘Маракана’ и ќе ја слушнеш целата таа бучава, само чекаш да почне натпреварот и да уживаш во моментот. Се трудам да уживам во секој натпревар што го играм. Така се чувствував и на дербито, кое го чекав уште од мал“, вели македонскиот фудбалер.
Младиот фудбалер го споредуваат и со легендарниот играч на Барселона, Серхио Бускетс.
„Кога таква легенда ќе ви каже нешто, многу сум среќен. Но да стигнам до тоа требаше многу време. Ќе продолжам со исто темпо, да играм одлично и да се развивам“, додава тој.
Цело интервју може да го прочитате ТУКА.