Фудбалската репрезентација пристигна во Ереван на најважниот натпревар во Лигата на нации (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва пристигна во ерменската престолнина, еден ден откако ја совлада Летонија во Рига, во третото коло од Лигата на нации.

Нашиот национален тим в недела го очекува најважниот натпревар од ова натпреварување бидејќи со евентуален триумф, многу веројатно ќе го освои првото место во својата група. Ни одговара и реми бидејќи во таков случај и една победа во последните два меча, во ноември на домашен терен, исто така ќе завршиме на челната позиција која носи во повисок ранг.

Експедицијата вечерва ќе одмори, а во текот на утрешниот ден ќе има можност да го почувствува теренот на стадионот „Вазген Саргсјан“ во Ереван.