Фудбалерите на Сити во луксузен дворец донеле 22 инстаграм девојки - оргии за паметење! (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер Сити ја прославија победата од 6-1 над Астон Вила со спектакуларна забава во луксузен дворец, во кој донеле неколку Инстаграм девојки од Италија.

„Mere Golf Resort and Spa“ во Кнутсфорд, недалеку од населбата во која живеат фудбалерите на актуелниот шампион во Премиер лигара, беше сцена на оргија, објавија британските таблоиди, потврдувајќи дека била луда и незаборавна забава. За тоа најдобро говорат неколку фотографии кои излегоа во јавноста од девојките кои биле дел од забавата со фудбалерите.

Според пишувањата, тие биле од Милано, од каде ги нарачале фудбалерите на Сити, кои со авион пристигнале во Манчестер, а од таму биле префрлени со автобус до непозната локација. Набргу потоа им се придружиле и фудбалерите.

Британските медиуми пишуваат дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, им дал на своите фудбалери да се опуштат во ресортот, во кој една вечер чини 150 фунти.