Два теста - два порази: Македонските надежи денеска добија „петарда“ од Србија
Македонија само ги налути Србите откако по седум минути игра Дамјан Трајановски даде гол за водство, но набрзина српските фудбалери направија предност, Александар Дељанин во 12-та и Вукашин Богдановиќ во 15-та погодија двапати, а потоа во вториот дел Србија со уште подобра игра нѝ дадоа уште три гола.
Богдановиќ погоди вторпат, а откако Хамза Рамани промаши пенал во 65-та, Чолиќ и Јакојевиќ се запишаа во листата на стрелци за убедливи 5-1. Селектор на оваа генерација на фудбалери до 18 години е Шкумбин Арслани.