
Димитриевски го зголеми рекордот, шест меча по ред победуваме без примен гол!
Овој триумф значи дека момците на Боби Милевски врзаа шест победи по ред без да примат гол.
Димитриевски кој ионака го држеше рекордот за најмногу минути без примен гол, денеска дополнително ја зголеми таа минутажа за 90 минути. Македонскиот голман нема примено гол 621 минута.
Следниот предизвик за Македонија е во вторник на домашен терен против Велс. Тоа е селекција која е на повисоко ниво од оние шест кои ги совладавме претходно.