Босанците ги разграбале билетите за натпреварот со Македонија!

Македонија на 29 мај ќе игра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, а според информациите од Фудбалскиот сојуз на оваа земја интересот за натпреварот е огромен.

Имено, досега за дуелот на Кошево биле продадени 22.000 билети. Стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ е со капацитет од 34.000 гледачи, меѓутоа претходно беше објавено дека поради проблеми со статиката нема да биде исполнет до последното место.

Интересот за натпреварот е огромен затоа што за Босанците натпреварот ќе биде прилика да ги испратат своите миленици на Светското првенство во САД. Најверојатно тие ќе одиграат и уште еден дуел пред почетокот на Мундијалот, но тој би требало да биде во САД против селекцијата на Панама.

Мундијалот почнува на 11 јуни, а Босна ќе игра во група со Канада, Катар и Швајцарија.