Мареска ќе го замени Гвардиола, а ќе донесе и спектакуларно засилување

Италијанскиот тренер Енцо Мареска е најсериозен кандидат за наследник на Пеп Гвардиола на кормилото на Манчестер сити, а англиските медиуми пишуваат дека тој ги договорил сите детали, па се очекува само датумот кога би можел да го преземе гигантот.

Гвардиола има договор на уште една сезона, но сè погласни се шпекулациите дека Гвардиола ќе го напушти „Итихад“ на крај на оваа сезона, па поради тоа Мареска веќе се подготвува за преселба во Манчестер, а со себе сака да земе и фудбалер на Челси.

Мареска наводно побарал од управата на „граѓаните“ да го купи аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез, кој не е среќен во Челси и веќе се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.