Драма во Хрватска: Се урна дел од стадион - еден навивач е повреден!

На градскиот стадион „Лапад“ во Дубровник се случил голем инцидент за време на фудбалски натпревар, а тоа го потврди градската управа.

За време на антпреварот меѓу Дубровник 1919 и Неретванац се урнал дел од трибините, при што еден навивач се здобил со полесни повреди.

Од градот Дубровник соопштија дека оштетениот дел од трибините ќе биде исклучен од употреба, односно нема да се користи сè додека не биде извршена детална техничка проценка и санација.

Градските власти објавија дека претходно не биле известени за сериозната состојба во која се наоѓа трибината.

Стадионот „Лапад“ е изграден во 1919 година и има капацитет од околу 3.000 навивачи.