Битолчани се бунтуваат: Јужната трибина на Арената не смеела да се вика - Васил Рингов!
На една од најпознатите фан страни на битолскиот клуб „И моето дете ќе навива за Пелистер“ беше објавена реакција во која објаснуваат зошто според нив трибината не треба да го носи името на Рингов.
„Со цела почит према името ,,Васил Рингов" и неговата кариера, но овај стадион е НАЦИОНАЛНА АРЕНА. Националната Арена не е објект на еден клуб, таму кој сака да игра си плаќа за тоа. Извршниот директор (не сакаме име да му споменеме), може вакви барања да поднесува за она што имовина на клубот кој што го води (ако воопшто имаат имовина), некаков тренинг центар или слично, а за тоа што е ДРЖАВНО И НАЦИОНАЛНО, нема што еден клуб да бара вакво или такво име“, стои во реакцијата.
Исто така тие дополнуваат и дека не се согласуваат ниту со тоа што сегашната арена го носи името „Тодор Проески“.
„Точно е дека не се согласуваме арената да се вика ни ,,Тодор Проески", затоа што сметаме дека тоа повеќе му прилега на универзална сала, дом за култура итн., но името на стадион или трибина да се преименува на секои 10-15 години и тоа по желба на некакви клубови и извршни директори е надвор од здрав разум“.
