Шок во Мадрид: Заврши сезоната за две ѕвезди на Реал!

Реал Мадрид доби лоши вести пред завршницата на сезоната, затоа што остана без двајца фудбалери кои се повредија и ќе бидат надвор од конкуренција.

„Кралевите“ информираа дека сезоната е завршена за Арда Ѓулер и Едер Милитао, па тие нема да можат да му помогнат на шпанскиот гигант во следните натпревари.

„По денешните тестови е откриено дека Милитао има повреда на мускул на левата нога, додека Ѓулер има повреда на мускул на десната нога“, соопшти Реал Мадрид.

Екипата на Алваро Арбелоа има 73 бодови по 32 одиграни кола, односно девет поени помалку од лидерот Барселона.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.