Нема веќе дилеми, големото засилување од Франција потпиша за Вардар!
Станува збор за 23-годишен ракометар ракометар кој го носи дресот на Трембли и кој во aктуелната сезона е најдобар стрелец на тимот со 162 гола. Исто така во кариерата беше дел од тимот на Нант, а ги помина и младинските селекции на Франција.
Фадуил ќе биде и последното засилување за Вардар за следната сезона.
„Утрово беше потпишан договор со Мате Фадуил со што ростерот за следната сезона е затворен со четирите нови имиња“, потврди Михајловски.
Инаку, Вардар успеа да го доведе Фадуил и покрај тоа што тој имаше договор со Трембли со 2027 година.