Зошто бројот 39 е секогаш на грбот на Бруно Гимараеш? (ФОТО)

Бруно Гимараеш и во Арсенал ја продолжи традицијата да го носи дресот со бројот 39, необичен број, но зад него има приказна.

За кој клуб и да игра, Бразилецот има број 39 на грбот. Причината е интересна. Неговиот татко порано возел такси и така го издржувал семејството, таксито било со број 39, па тоа е причината поради која Гимараеш го има овој број.

„Татко ми беше таксист повеќе од 20 години, а неговото такси го носеше бројот 39. Таксито му обезбеди на нашето семејство дом, храна, облека и сè што ни беше потребно. Па, кога станав професионален фудбалер и сакав да го земам бројот 97 во мојот прв клуб во Бразил, татко ми рече: „Не, не, земи го 39. Бројот 39 ти даде сè“. Од тогаш, секогаш го носам бројот 39“, рече Гимараеш во една прилика.