Белгија со Руди Гарсија ќе дојде во Скопје

Белгија го одбра новиот селектор, потпиша договор со Руди Гарсија кој доаѓа на местото на Доменико Тедеско кој пред извесно време доби отказ.

Белгиската фудбалска федерација си подаде рака со Руди Гарсија, тој стави потпис на договор и ќе биде новиот селектор на Белгија.

Руди Гарсија последно го водеше Наполи каде не помина славно. Претходно има работено во Корбеил Езоне, Сент-Етјен, Дижон, Ле Манс, Лил, Рома, Марсеј, Лион и Ал Наср.

Белгија е противник на Македонија во квалификациите за Светското првенство 2026.