Барди: Нема Албанец од Македонија кој не сака да игра за Албанија!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е вистински хит во Шпанија по неговото доаѓање во Леванте, па досега веќе постигна два фантастични голa во Ла Лига, а по пишувањата на албанските медиуми дека западниот сосед бил на чекор да го земе во својата селекција, Барди призна дека избрал да игра за Албанија, но никој од таму не добил шанса зошто биле незаинтересирани.

Албанија сега се кае што го пропуштиле Барди, откако младиот фудбалер беше еден од лидерите на младинската селекција, која играше на Евро 2017 во Полска, а сега е стандарден сениорски репрезентативец на нашата земја. Плус, во Леванте даде три гола од слободен удар, а два во Ла Лига и е вистински хит на Пиринеите.

„Јас отсекогаш сакав да играм за Албанија, уште кога имав 16-17 години. Но, вистинска понуда не дојде. Имав контакт со една личност од Косово, но никогаш сериозен контакт со Албанија. Тој ми рече дека Рди Јупи не ме познава и дека ќе треба да дојдам во Албанија за да ме види на тест, можби на една недела, без оглед што јас бев стартер и регуларно играв за Ујпешт. Во тоа време, Македонија ме следеше и не бараше да ме тестира. Мојот менаџер Меритон Бериша на фејсбук му пиша на Јупи, но одговор – не доби“, рече Барди за албански „Суперспорт“.

Тој потенцира дека не постои Албанец во Македонија кој не сака да игра за Албанија.

„Не верувам дека има Албанец роден во Скопје, од албанско семејство, кое не сака да игра за Албанија. Но, непрофесионално е од албанската федерација (ФШФ) дека не ги гледа талентите, а треба да ги види Албанците од Македонија“, додал Барди.