„АС“ избра: Барди еден од десетте најисплатливи трансфери во Ла Лига! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди пред неполни две недели успеа да го постигне својот прв сениорски погодок во дресот на Македонија, во триумфот со Лихтенштјн (4-0) во Струмица само за да продолжи извонредната година во која даде два гола и за младата селекција на историскиот настап на Евро 2017 во Полска, како и бомбастичниот настап во дебитантската сезона во едно од најсилните светски првенства – шпанската Ла Лига.

Барди за многу кратко време од доаѓањето во Леванте од унгарски Ујпешт ги освои срцата на навивачите на клубот од Валенсија, но и на Шпанците и на европските љубители на фудбалот, откако успеа да даде три гола во Ла Лига, од кои два по прекрасни слободни удари. Барди досега даде пет од слободен удар, вклучувајќи ја и предсезоната, па еден од најпрестижните спортски весници на Пиринеите, „АС“ го избра за еден од десетте најисплатливи трансфери во оваа сезона.

Барди во Леванте дојде за 1,5 милиони евра од Ујпешт, а со своите игри уште на стартот ги исплати вложените пари. Не само поради головите, туку и поради борбеноста, настапите, добрите оценки на мечевите во шпанскиот шампионат.

„Барди ги собра пофалбите од многумина за стартот во Ла Лига. Македонскиот фудбалер за врска е еден од новите засилувања кој има многу минути и кој дава голови. Има три гола, два од слободен удар, што е негова специјалност. Тој стана еден од главните адути на Муњоз (тренерот на Леванте – н.з.), а дојде за 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт“, пишува „АС“.

Во изборот на десетмината најисплатливи летни трансфери се и Диего Љоренте од Реал Сосиедад, Кондогбиа од Валенсија, Хесус Навас од Севилја, Макси Гомез од Селта, Стуани од Џирона, Форналс од Вилјареал, Андрес Гуардадо и Федел од Бетис, Куелјар од Леганес,

Барди денеска од 13 часот со Леванте е домаќин на Гетафе во меч од деветтото коло во Ла Лига.