Арнаутовиќ се извини на македонски и на албански! (ФОТО)
Арнаутовиќ реши да се извини поради неговиот испад во завршницата од мечот и преку Инстаграм, каде што ја објави пораката.
„Вчера беа кажани некои жестоки зборови во натпреварот поради кои сакам да се извинам на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал јасно да кажам една работа, а тоа е дека не сум расист. Имам пријатели во речиси секоја држава и се залагам за различност. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ.