Малку им требаше на навивачите да се откажат од Јокиќ, на Едвардс му скандираа - МВП (ВИДЕО)

Иако со години е еден од најдобрите играчи во НБА, а лани на Денвер му го донесе првиот шампионски прстен во историјата, навивачите на тимот од Колорадо брзо заборавија што Никола Јокиќ направи за франшизата и за градот.

Денвер поминува низ тежок период, губи со 0-2 од Минесота во конференциското полуфинале, а тие се свртеа против својата најголема ѕвезда. Во финишот од синоќешниот меч против Вулфс, во Бол арената можеа да се слушнат гласни скандирања, но не за Јокиќ, туку за најдобриот играч во противничкиот тим Ентони Едвардс.

Додека тој се подготвуваше да шутира слободни фрлања, од трибините можеше да се слушне „МВП, МВП“ и тоа на два дена пред доделувањето на ласкавото признание за што најголем фаворит повторно е токму Јокиќ.