Ангеловски: Ова е клучен период во Лига на нации!

Македонската фудбалска репрезентација денеска се собра во својата стандардна репрезентативна база хотелот „Гранд Плаза“ за претстојната втора третина од мечевите во Лигата на нации против Лхтенштајн в сабота навечер дома и со Ерменија идниот вторник во Ереван.

Македонија вечерва од 19 часот комплетна ќе ги почне подготвките, со исклучок на повредениот Иван Тричковски, за кого се чекаат лекарските прегледи за да се утврди степенот на повредата на адукторот. На првиот тренинг, фудбалерите ќе работат во две групи, тие што вчера имаа мечеви ќе имаат само задолжителна рекуперација, а тие кои имаа ден одмор ќе одработат нормален тренинг.

Македонија по воведните два меча има шест бода без примен гол, па Македонија и против Лихтенштајн, меч кој е прв во фокусот е апсолутен фаворит за нова победа.

„За тренингот вечерва ќе ги имаме сите фудбалери на располагање, нормално освен Иван Тричковски, кој е повреден. Јас реков и претходно дека сите мисли ќе ни бидат во моментов кон мечот со Лихтенштајн, во кој очекувам да влеземе одговорно и да ја оправдаме фаворитската улога. Лихтенштајн детално го анализиравме и за разлика од тие два меча минатата година (купна победа од 7-0), имаат седум млади фудбалери од младата селекција до 21 година и играат далеку побрзо од тоа што го играа со нас во тие последни два меча. Плус имаат фудбалери, со искуство во професионалните води и ова е селекција која во послендите два меча се претстави во добро светло, ја измачи Ерменија, а го победи Гибралтар. Реков и претходно дека не бегаме од фаворитската улога. Влегуваме во мечот за да го добиеме“, вели Игор Ангеловски, селекторот на Македонија.

Со две победи Македонија практично би го обезбедила првото место, а завршницата од пресметките со Лихтенштајн и Гибралтар би требало да го запечатат тој пласман во плејофот за Лига на нации и битка во март 2020 година за настап на Европското првенство низ Европа.

„Во фудбалот е тешко постојано некого постојано да го победуваш. Мора да бидеме на максимално ниво, максимално концентрирани. Ова е клучниот период во Лигата на нацции и ние сакаме да го избереме пократкиот пат кон првото место. Со победа над Лихтенштајн веќе ќе имата девет бода и ќе ѝ направиме дополнителен притисок на Ерменија“, додава Ангеловски.

Голманот Столе Димитриевски пред еден месец стана член на Рајо Валјекано, членот во шпанската Ла Лига, но засега нема настап и деби за новиот тим. Но, без оглед што подолг период нема настап, Димитриевски во првите два меча ја сочува мрежата, а посакува таа серија да продолжи

„Ние се подготвуваме исклучиво првиот меч. Се прилагодуваме како и секој пат за противникот и јас се надевам дека првиот меч ќе го одработиме како што треба и како што очекуваме. Подакувам да продолжи серијата без примен гол и со нова победа да направиме уште поголем присисок врз Ерменија. Со две победи сега нема да има дилеми за прво место“, рече Димитриевски.