„Златната топка“ на Модриќ ептен му ја зголеми – банкарската сметка!

Најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ, официјално е најдобар светски играч за 2018 година, откако во понеделникот беше крунисан со најпрестижната награда „златната топка“, која ја доделува францускиот магазин „Франс Фудбал“.

Модриќ со „златната топка“ ја круниса извнредната година, но и својата кариера во која има четири европски титули со Реал Мадрид, сребро од СП во Русија со Хрватска, а ги освои наградите за најдобар играч на Мундијалот, најдобар фудбалер во ЛШ во минатата сезона и најдобар фудбалер на светот според ФИФА (награда „Бест“).

Поради освојувањето на „златнта топка“ сега и неговото банкарско конто е поголемо, зашто спонзорите за освојувањето на престижната награда богато го наградиле. Според информациите на „Ел Конфиденсијал“, Модриќ за „златната топка“ од спонзорите добил бонус од – 800.000 евра.