Зидан со себе носи голема француска ѕвезда во Јунајтед!?

Манчестер јунајтед игра лошо сезонава, а доказ за тоа се нивните три порази во седум одиграни кола во Премиерлигата, па неизвесна е иднината на тренерот Жозе Мурињо, кој се шпекулира дека ќе биде заменет од Зинедин Зидан.

Португалецот постојано ги нервира навивачите и управата на клубот, а ниту односите со фудбалерите не му се најдобри, па на теренот гледаме очајни настапи на екипата.

Јунајтед со поразот од Вест хем го забележа најлошиот старт во последните 29 години и во моментов имаат девет бода помалку од лидерите Ливерпул и Манчестер сити.

Сепак, тоа не е толку голем проблем, колку што е атмосферата во клубот, па управата наскоро мора нешто да преземе во свои раце.

Наводно, доколку пристигне Зидан на тренерската клупа на „Олд Трафорд“, со себеси ќе го земе и Бенџамин Павар, десниот бек на Франција и Штутгарт, кој го постигна најубавиот гол на Мундијалот во Русија.