Зидан си го кажа своето: Гвардиола е најдобиот тренер на светот
Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите треба да игра со Манчестер Сити на чија клупа седи Гвардиола, па Зидан беше прашан и што очекува од двомечевите со тимот на некогашниот играч и тренер на Барселона.
Без сомнение, за мене Пеп е најдобриот тренер на светот. Ќе биде посебно повторно да се сретнеме после пауза од неколку сезони. Тој повеќе пати покажал дека е најдобар, каде и да работи, освојува трофеи, истакна Зидан.