Зидан ќе плати 105 милиони евра за талентиран фудбалер на Дортмунд

Реал Мадрид за следната сезона би можел да се засили со уште еден фантастичен фудбалер, а тоа е Џејдон Санчо, за кого се шпекулира дека ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд.

Санчо побара да оди уште во минатиот преоден рок, но Дортмунд бараше премногу пари, по што одличниот фудбалер немаше друг избор освен да остане во Германија.

За неговите услуги е заинтересиран Манчестер јунајтед, но Зинедин Зидан е подготвен да испрати поголема понуда од „ѓаволите“, која ќе изнесува 105 милиони евра, кои треба да бидат доволно за трансфер.