Жесус доби ужасни вести по медицинските прегледи (ФОТО)

Арсенал остана без услугите на Габриел Жесус, кој се повреди во дербито против Манчестер јунајтед во ФА-купот, а по медицинските прегледи дозна ужасна вест.

Напаѓачот на „топчиите“ ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено и мора да оди на операција, а тоа значи дека сезоната за него е завршена.

Ова е тешка повреда за Жесус, но и проблем за Арсенал, кој ќе мора да бара алтернативно решение во нападот.