Жесток напад врз Португалецот: Ми се гади од однесувањето на Роналдо!

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, уште еднаш ги нападна фудбалерите кои сега настапуваат за неговиот некогашен тим, а најмногу на удар му беше Кристијано Роналдо.

Легендарниот дефанзивец изјави дека е недозволиво така голема да ја нарушува атмосферата во соблекувалната. Тој смета дека Португалецот направил потези кои не смеел да си ги дозволи, а пред сѐ тоа се однесува на барањата да си замине од екипата.

„Ми се гади од ваквото однесување на Роналдо. Ѕвезда на Јунајтед не смее да си дозволи да прави проблеми во соблекувалната. Ова се случи неколку пати во последните години. Го имавме тоа и со Пол Погба, кој правеше исти проблеми во екипата и добро е што си замина“, потенцира Невил.

Роналдо неколку пати побара да си замине од „Олд Трафорд“, но на адреса на Јунајтед не пристигна ниту една понуда за неговите услуги, освен таа од Саудиска Арабија.