„Збогувањето со Буфон ќе биде многу поразлично од тоа на Тоти“

Агентот на голманот на Јувентус, Силвано Мартина, кажа дека збогувањето на публиката со легендарниот Џанлуиџи Буфон нема да биде едноставно,

Капитенот на Јувентус, Буфон во четврток на прес-конференција за медиумите ќе каже дали ја завршува кариерата. А, сите го очекуваат тоа од него, како и неговиот агент.

„Неговото збогување нема да биде како тоа на Тоти. Тие прослави припаѓаат на римскиот стил, во Торино очекувам некој голем поздрав, каков што имаше и Алесандро Дел Пјеро. Тоа ќе биде ден исполнет со солзи. Го имав тоа задоволство да соработувам со најдобриот голман во светот. Му се извинувам на Џанлуиџи Донарума, но никогаш нема да биде новиот Џиџи“, кажа агентот на Буфон.