Заниоло се посрамоти: Не погоди празен гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Каљари и Удинезе во првиот натпревар од денешната програма во Серија А ремизираа 1-1, а во него не се прослави екс-фудбалерот на Рома, Николо Заниоло.

Заниоло влезе во повеќе од идеална прилика и ја доби топката кога имаше празен гол пред себе, меѓутоа место само да ја смести во мрежата откако поголемиот дел од работата ја заврши неговиот соиграч тој шутираше во пречката.

Нема дилеми дека ова ќе биде од најголемите промашувања и на крајот на сезоната, иако се уште сме на почетокот.