Њукасл ја продолжи мизеријата на Нотингем, Евертон го шокира Кристал Палас (ВИДЕО)

Фудбалерите на Њукасл ја продолжија агонијата на Нотингем Форест откако триумфираа со 2-0 во седмото коло од Премиер лигата, а до голема победа стигна и Евертон против Кристал Палас (2-1).

Двата гола на „Сент Џејмс Парк“ паднаа во второто полувреме, кога најпрво Бруно Гимараеш стрелаше за 1-0, а потоа Волтемаде од пенал ги постави конечните 2-0.

Евертон беше на праг до нов неуспех, а Кристал Палас до продолжување на серијата без пораз, меѓутоа сè се промени во финишот на натпреварот.

Муњоз донесе водство за лондонската екипа, но Евертон во вториот дел преку Ндиаје и Грилиш во судиското надополнување ги постави конечните 2-1.

На останатите натпревари Астон вила го совлада Барнли со 2-1, додека Вулвс ремизира против Брајтон (1-1).

Standings provided by Sofascore