Шокантна завршница во Лион: Емерсон во 96. минута го израдува Тулуз (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тулуз го совладаа Лион (2-1) во натпревар со неверојатна завршница во која голот за победа беше постигнат дури во шестата минута од судиското надополнување.

Лион тргна по планот и по 24 минути игра поведе преку Фофана. Тулуз се обидуваше да го скрши отпорот на домаќинот и да му го урне сонот за преземање на врвот на табелата, а во тоа успеа дури во финишот.

Емерсон најпрво во 87. минута го „стресе“ Лион и израмни на 1-1, а додека да се разбудат домаќините Тулуз го постигна и вториот гол преку истиот фудбалер за конечни 2-1.

Standings provided by Sofascore

Фото: Toulouse Football Club