Стразбур испука „петарда“ против Анже, реми меѓу Монако и Ница

Стразбур немаше милост за Анже и го декласира со убедливи 5-0 во седмото коло од француската Лига 1, додека дербито меѓу Монако и Ница заврши без победник (2-2).

Паничели донесе предност за Стразбур во 36. минута од натпреварот, додека истиот фудбалер погоди и на почетокот на второто полувреме.

Голеадата продолжи и по еден час игра, кога Оутара стрелаше за 3-0, додека Годо со два гола во продолжение ги постави конечните 5-0.

Ница тргна фуриозно во дуелот и погоди по само 17 минути, но голот беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата. Сепак, налетот на гостите продолжи и резултираше со два гола на Диоп.

Фати ја врати надежта на „кнезовите“ во финишот на првото полувреме од пенал (1-2), а потоа со уште еден удар од белата точка израмни на 2-2 во 56. минута од средбата.