Миовски го постигна првенецот за Ренџерс во првенството! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски попладнево во натпреварот против Фалкрик го постигна првиот гол во шкотското првенство откако го носи дресот на Ренџерс.

Миовскио во листата на стрелци се запиша пред крајот на првиот дел кога ја искористи асистенцијата од Корнелиус за водство на Ренџерс од 0-1.