
Ѓоковиќ изгуби сет, па „додаде гас“ за осминафинале во Шангај (ВИДЕО)
Не тргна мечот добро за Новак кој во третиот гем го загуби својот сервис и Ханфман поведе со 2-1. Тој брејк за Германецот се покажа и како доволен за да го освои сетот со 6-4.
Вториот сет донесе голема борба и до 12-тиот гем двајцата тенисери го чуваа својот сервис, тогаш Ѓоковиќ го направи првиот брејк на мечот и со 5-7 го освои сетот за израмнување.
Во одлучувачкиот трет сет Ѓоковиќ не дозволи никакво изненадување и прво го одзема сервисот на германскиот тенисер во четвртиот гем за 1-3, а потоа и во деветтиот за 3-6.
Противник на Ѓоковиќ во осминафиналето ќе биде Шпанецот, Жуме Мунар кој се наоѓаа на 41. место на АТП листата.
Фото: EPA