Фудбалерите на Вардар и Стурга попладнево ремизираа 2-2 во еден од најдобрите натпревари од почетокот на првенството.

Двете екипи играа отворено, гледавме шанси и на двете страни, а резултатот беше отворен во 19. минута кога Шабани ја погоди мрежата на Вардар.

 

 

Со таа предност гостите од Струга заминаа и на паузата. Првите возбудувања во вториот дел ги видовме веќе во 56.минута кога Вардар, доби пенал, но истиот не го реализираше Мато. Само пет минути подоцна, напаѓачот на Вардар се „извади“ за промашениот пенал со едно мало-ремек дело. Струга го врати водството веќе во 63. минута кога Компаоре стрелаше со глава.

 

 
 

Во продолжение следуваа неколку промашени прилики и на двете страни, Малески имаше зицер во 90-тата минута да стави точка на натпреварот, а кога не реализираше стигна казната.

Бодот за Вардар кој е и тоа како важен во битката за врвот го обезбеди Јанкулов со погодок во 92. минута. На табелата по осум кола, Струга има 22 бода, Вардар е втор со 21, следи Шкендија со натпревар помалку која има 20.