Зајков ја прекина соработката со Левски!

Македонскиот фудбалер Ѓоко Зајков денеска го прекина договорот со бугарски Левски за кој одигра 16 натпревари и постигна еден гол во претходните неколку месеци.

Левски преку официјалната страна му се заблагодари на Зајков за соработката, но и за отстапките кои ги направил кон бугарскиот тим поради тешката финансиска состојба.

„Раководството на Левски му се заблагодарува на Зајков за придонесот и професионалниот однос со нашиот тим, како и отстапките кои ги направи поради тешката финансиска состојба на клубот. Му посакуваме многу здравје и успех“, соопштија од бугарскиот клуб.