
Искусниот Захов „даде беса“ дека следната сезона ќе брани за Беса!
Станува збор за 36-годишен чувар на мрежата, кој не најде заеднички јазик за продолжување на соработката со охришани, но веднаш најде нова опција и тоа во тимот од Добридол.
Захов освен за Воска има брането и за Шкендија, Брегалница, Турново, Вардар и Беласица, а во биографијата има запишано и еден настап за репрезентацијата на Македонија.