Шпанците тврдат: Барселона го отпушти Валверде и избра нов тренер (ФОТО)

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона го отпуштила Ернесто Валверде и на негово место ќе биде поставен Кике Сетиен, иако засега нема официјална потврда од „Камп Ноу“.

Сетиен е 61-годишен шпански стратег, кој е познат по тоа што форсираше офанзивен фудбал додека работеше во Лас Палмас од 2015 до 2017 година и во Бетис од 2017 до 2019 година.

Интересно е тоа што и Сетиен е последен тренер, кој ја победил Барселона на „Камп Ноу“ и тоа со Бетис во спектакуларниот триумф од 4-3 во шпанската Ла Лига во ноември 2018 година.

Додека се очекува официјална потврда од управата на Каталонците, медиумите пишуваат дека Сетиен ќе потпише договор до 2022 година, а интересно е тоа што Валверде е прв тренер кој добил отказ по Луј Ван Гал, кој беше отпуштен во 2003 година, а сите останати стратези си заминаа сами од каталонскиот гигант.