Вулверхемптон шест натпревари не знае за пораз (ВИДЕО)

Брајтон и Вулверхемптон одиграа 2-2 во последниот натпревар од неделната програма од 16.коло во Премиерлигата. 

Диого Жота ги доведе гостите во водство 28-та минута, но домаќините за само две минути (34' и 36') направија целосен пресврт. Жота со својот втор погодок на една минута пред крајот на првото полувреме обезбеди бод за Вулфс, кој се наоѓа на одличното шесто место на табелата и е во серија од шест натпревари без пораз.