Вудворд го одврза ќесето: Солшер добива 125 милиони фунти за да купи двајца Германци!

Англискиот великан Манчестер јунајтед зимава ќе ја продолжи реконструкцијата на тимот со нови преку сто милиони фунти потрошени за засилувања, а веќе познати се двете имиња за кои „црвените ѓаволи“ добро ќе го одврзат ќесето за да ги ангажираат.

Како што објави „Мирор“, извршниот шеф на Јунајтед, Ед Вудворд одобрил 125 милиони фунти за да се купат две ѕвезди од Бундеслигата. И тоа Каи Хаверц, фудбалерот за врска на Баер Леверкузен и ѕвездата Томас Милер од Баерн Минхен, кој е во втор план веќе подолго време кај тренерот Нико Ковач.

Скаути на англискиот клуб викендов биле да ги следат Хаверц и Милер во своите мечеви. За Хаверц веќе шест месеци сериозен интерес има од сите европски великани, а „фармацевтите“ најавија дека немаат намера да го продадат за помалку од 85 милиони евра. Младиот 20-годишен фудбалер за врска важи за најголемиот талент моментно меѓу германските фудбалери. Од дрга страна, Милер од поодамна беше на радарот на Јунајтед, Дејвид Моес уште во 2014 година сакаше да го ангажира, но тогаш работата пропадна и Манчестер се реши на ангажман на други фудбалери, со кои и не стигна до очекуваните резултати. Милер за Баерн има 110 гола во 326 меча.

Од поодамна се најавува дека зимава на „Олд Трафорд“ ќе дојде и хрватската ѕвезда Марио Манџукиќ, чиј трансфер пропадна во последен момент летово, а сега Хрватот не е во прв план кај Маурицио Сари, кој не го пријави ни за мечевите во ЛШ.