
Втор тежок пораз на Јуве по ред, за два меча примија седум голови (ВИДЕО)
Јувентус долго време во сезоната немаше пораз, но ова е период кога не само што губи, туку му се случува потоп.
Денеска добија лекција од Фиорентина која победи со дури 3-0.
Госенс уште во 15. минута донесе водство за виолетовите, а само три минути подоцна Мандрагор зголеми на 2-0, за Гудмундсон по осум минути игра во вториот дел да го постави конечниот резултат.