
Врие во Реал: Винисиус и Чаби Алонсо во отворена војна (ВИДЕО)
Реал имаше сигурно водство во тие моменти и победата беше на прагот, па шпанскиот стручњак веројатно сакаше да го поштеди својот фудбалер од евентуална повреда. Сепак, Винисиус тоа не го прифати најспортски и изби уште една „војна“ меѓу нив двајца.
Камерите ги фатија Алонсо и Винисиус неколку минути пред измената, за време на една пауза за разладување како се договараат околу замената. Алонсо го известува својот фудбалер дека треба да излезе, но на Винисиус не му се допаѓа тоа и бурно реагира, прво кога дознава, а потоа и кога излегува од теренот.
На прес-конференцијата по мечот, Чаби Алонсо призна дека можеби избрзал со замената на Винисиус, но тоа сепак не го покрива фактот дека двајцата имаат многу нерешени проблеми и дека поради тоа се нарушува атмосферата во соблекувалната. Бразилецот оваа сезона одигра шест меча, но ниеднаш не ги одигра сите 90 минути при што два пати влегуваше од игра како резерва. Јасно е дека му пречи тоа што главна ѕвезда во тимот е Мбапе кој речиси постојано е во игра и беше стартер на сите шест натпревари.