Хаос во Белград: Мијатовиќ имаше жестока пресметка со навивачите на Партизан (ВИДЕО)

Партизан загуби со 1-2 во вечното дерби против Црвена Звезда во деветтото коло од Суперлигата на Србија, а по крајот на мечот се случи хаос на трибините, каде што главната улога ја имаше Предраг Мијатовиќ.

Членот на управата на „црно-белите“ имаше жестока вербална пресметка со дел од навивачите на трибината, па мораа да интервенираат и други лица од свечената ложа за да спречат ескалација на ситуацијата.

На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи нема звук, меѓутоа јасно се гледа дека двете страни имале што да си кажат.