Максималните „пет од пет“ на Ливерпул се гаранција за – второ место на крајот!

Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат со перфектниот старт во Премиер лигата, откако во вчерашното дерби „Мерсисајд“ го совладаа Евертон (2-1) и дојдоа до петтата по ред победа од почетокот на сезоната.

„Црвените“ со ова станаа 14-тиот тим во историјата на англиската елита што го започнал првенството со максимални 15 бодови. Меѓутоа, историјата вели дека тоа не гарантира титула – од претходните 13 случаи, само четири екипи успеале да ја освојат круната. Такво нешто им успеа Манчестер Сити во сезоната 2023/24, Ливерпул во 2019/20 и Челси двапати – во 2006 и 2010 година. Интересно е дека токму Челси најчесто стартувал со 5/5, дури четири пати, додека Ливерпул и Сити по три пати.

Ваквиот почеток најчесто носел – второ место на табелата. Така завршиле Арсенал (2004/05 и 2022/23), Челси (2010/11), Манчестер јунајтед (2011/12) и самиот Ливерпул (2018/19). Тимот од „Енфилд“ и покрај максималниот ефект не доминира убедливо и најчесто победува со голови во судиска надокнада, но ваквите победи често се покажуваат како клучни во трката за шампионската титула.