Онана е главен во Трабзон - не само што одлично брани, туку забележа и асистенција (ВИДЕО)

Камерунскиот голман Андре Онана летово го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Трабзон, а почетокот на престојот во турскиот клуб му е фанатастичен, барем на личен план.

Минатата недела имаше осум одбрани на дуелот против Фенербахче, а синоќа имаше огромна заслуга за освоениот бод на домашен терен против Газиантеп. Гостите водеа од 39. минута поради голот на Родригес, а израмнувањето дојде во 70. минута преку Онуачу.

На него му кумуваше лично Онана кој од својата половина упати фантастична длабинска топка, неговиот колега од спротивната страна лошо реагираше, па на Онуачи му остана само да ја затресе празната мрежа.