
Пелегрини го урна Лацио во големото римско дерби! (ВИДЕО)
Дербито на Рим е еден од најголемите мечеви на сезоната во Серија А, така беше и денеска. Олимико беше полн, двете навивачки групи беа во елемент, Лацио како домаќин ја имаше поголемата поддршка од публиката, но Рома беше онаа која се радуваше на победа.
Клучниот момент се случи во 38. минута од натпреварот кога по асистенција од Суле, Пелегрини постигна гол кој се покажа како победнички.
Лацио во вториот дел се обидуваше да се спаси од пораз, имаше неколку шанси за гол, но не успеа.
Во самиот финиш домаќините останаа и со фудбалер помалку откако Реда Белахиан заработи црвен картон поради остар старт.
По четири одиграни кола Рома собра девет бода, а Лацио има само три.