
Втора победа по ред за Ферстапен, Пјастри се удри во ѕид уште во првиот круг! (ВИДЕО)
Трката започна шокантно, лидерот во генералниот пласман, Оскар Пјастри во првиот круг се удри во ѕидот и за него настапот беше завршен.
Ферстапен имаше доминантно возење од стартот до финишот и на крајот заслужено го освои првото место.
Ландо Норис потфрли, не го искористи сударот на Оскар Пјастри за бодовно да му се доближи, заврши на седмата позиција.
Покрај Ферстапен, подум освоија и Расел кој беше втор, Саинц беше трет, во топ десет заршија Антонели, Лоусон, Цунода, Норис, Хамилтон, Леклер и Хаџар.
Во генералниот пласман Пјастри е прв со 324 бода, Норис има 293, а Ферстапен 230.