Вредноста на Меси и понатаму паѓа на трансфер-пазарот, сега за дополнителни 11 милиони (ФОТО)
Заминувањето на Меси од Барселона предизвика силен земјотрес во светскиот фудбал, но напредок за евентуалната разделба нема ни по вчерашниот состанок на Хорхе Меси, таткото и менаџерот на Лионел со првиот човек на Барса, Жозеп Марија Бартомеу, па за очекување е дека допрва ќе се разгори војната помеѓу најголемата ѕвезда на Барса и клубот.
А, дотогаш, на секои две-три недели, познати консултантски куќи прават истражувања и објавуваат за постојан пад на цената и вредноста на Аргентинецот, која на најновото рангирање загубил додатни 11 милиони евра од таа вредност и сега вреди 124 милиони, т.е. дури петпати помалку од тоа што Барселона сака да го ќари со наводната откупна клаузула, која за сите новинари во Шпанија е спорна и не постои.
Падот на вредноста во последно време многу често се мери на фудбалскиот пазар најмногу поради иницираната финансиска криза од пандемијата со коронавирус, но во случајот со Меси и поради ужасната сезона без трофеи со Барселона. На листата Килијан Мбапе во моментов е највреден фудбалер со цена од 200 милиони пред соиграчот Нејмар со 148 милиони (пад за еден милион во моментов на вредноста), додека Рахим Стерлинг и Џејдон Санчо скокнаа во првите пет и нивната цена е зголемена на 140 односно 136 милиони евра. Во највредните десет го нема Кристијано Роналдо.
Кај клубовите највредни фудбалери има Манчестер сити, кој зедно со Реал Мадрид имаат вредност на екипата над една милијарда, а сите останати се под таа магична граница, додека најголем скок на вредноста од над 19 милиони евра има кај Алфонсо Дејвис (за 35 милиони), Бајоко Сака (за 26), Бруно Фернандеш (за 23), додека растот на вредноста на Фил Фоден и Виктор Осимен, новиот соиграч на Елиф Елмас е за 19 милиони. Најголем пад, пак, за 14 милиони евра е забележан за Фелипе Кутињо, Ајсланд Маитланд-Нилс, Хамес Родригес и Серхио Агуеро