Водечкото дуо без грешка, нови победи за Македонија ЃП и Брегалница, пораз за Башкими

Македонија Ѓорче Петров со 1-0 го победи Арсими и остана на врвот во Втората лига, Брегалница со 2-0 беше подобра од Охрид, Башкими со 3-1 загуби на гостувањето кај Детонит Плачковица.

Денеска се одигра 14. коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), фаворитите имаа настап според планот.

Со гол на Маркоски во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров дојде до минимален триумф над Арсими.

Брегалница во Штип со 2-0 го совлада Охрид, а головите ги постигнаа Томовски и Стојков.

Башкими доживеа пораз на гостувањето кај Детонит со 3-1, Кожуф со 1-0 беше подобар од Победа, Скопје со 2-0 го совлада Новаци.

Најубедлив беше Вардар Неготино кој со 6-1 го победи Вардарски, Саса со 3-1 славеше кај Осогово во Кочани, гостинска победа забележа и Беласица против Борец со 1-0.

Резултати 14. коло:
Македонија ЃП - Арсими 1-0
Брегалница - Охрид 2-0
Детонит - Башкими 3-1
Борец - Беласица 0-1
Скопје - Новаци 2-0
Кожуф - Победа 1-0
Осогово - Каменица 1-3
Вардар Неготино - Вардарски 6-1

Табела: Македонија ЃП 35, Брегалница 33, Башкими 29, Арсими 26, Саса 24, Детонит 24, Кожуф 21, Охрид 21, Скопје 19, Беласица 19, Новаци 17, Вардар Неготино 14, Победа 13, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.